Зибери може и да не биде премиер? ДУИ има „многу добри планови“ за него, вели Груби

Иако во текот на целата кампања ДУИ го презентираше Насер Зибери како идеален и најдобар од понудените кандидат за премиер, компетентен, искусен и без дамки, сега кога СДСМ и ДУИ договорија влада, премиерската позиција, се чини, станува помалку извесна за Зибери.

Во изјава за косовската ТВ „Клан“, прашан дали предлжениот кандидат на ДУИ ќе стане и премиер во последните 100 дена од мандатот на новата влада, организацискиот секретар на ДУИ – Артан Груби, избегна директен одговор и најави „многу добри планови“ за Зибери:

„Кандидатот ќе дојде тек по четири години. Ќе чекаме, но г. Насер Зибери, но и ние и нашите коалициони партнери, а верувам и Албанците, имаме многу добри планови за г. Насер Зибери, за кои верувам дека се согласува и тој решението да биде прифатливо и поздравено од сите Албанци“, рече Груби, пренесува „ТВ21“.

Прочитајте и:  Стоилковиќ: Во Министерството за односи меѓу заедниците недостасувале 40.000 евра

Пред неколку недели, во изјава за телевизијата, Зибери оцени дека доколку тој не биде премиер тоа би било големо разочарување, па и измама.

Зибери засега не излезе со коментар за договорената влада и деталите од договорот меѓу СДСМ и ДУИ, односно за тоа дека Заев ќе биде премиер со полн мандат.

- Реклама -