ДУИ бара нова опозиција во албанскиот блок, оваа „условува само Албанци“

„Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализацијата на националните прашања“, велат од Демократската унија за интеграција, критикувајќи ги останатите политички партии од албанскиот блок.

Од ДУИ бараат тие да си поднесат оставка и да понесат одговорност за 16-от изборен пораз по ред:

„Бидете достоинствени и со демократски капацитет и не ги потценувајте ги Албанците.

Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе, со молби албанските барања да не се реализираат.

Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова неумесно однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии.

Прочитајте и:  Митева: МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Поднесете Оставка и ослободете ја опозициската сцена која многу години ја окупирате заради лични интереси“, порачуваат од ДУИ.

Интегративците додаваат и дека имаат обврска да се грижат и за опозициските гласачи, бидејќи, како што велат, „тие не гласаа за албанската опозиција за да моли на приемните шалтери на СДСМ и ВМРО, туку да го застапуваат албанскиот интерес и да не работат за нарушување и неуспех“.

 

Денеска ДУИ И СДСМ, пак, соопштија дека постигнале сериозен напредок по речиси сите прашања кои водат до формирање на нова влада, и најавија средба на лидерите Ахмети и Заев на која се очекува да биде постигнат конечниот договор.

- Реклама -