Вчера на ул. „Цветан Димов“ во Чаир бил пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување, инфомира скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Сепак, како што вели градоначалникот, благодарение на совесните граѓани кои го пријавиле случајот, сторителите биле фатени на дело, а заработиле и казни од градската инспекција и полицијата.
До крајот на денот, столбот бил повторно подигнат на истото место, додава Шилегов.