Мојсоска: Додека ДУИ манипулира, граѓаните Албанци заминуваат за држави во кои нема албански премиер и албански јазик

„Во Велешта пред 15 години имаше 8 паралелки во прво одделение. Сега има одвај една.

ДУИ е на власт 18 години и додека манипулира дека ги претставува Албанците, народот заминува за држави каде нема албански премиер, ниту зборуваат на албански јазик“, пишува Јована Мојсоска, член на президиумот на Левица, во статус на социјалните мрежи кој го сподели и претседателот на партијата Димитар Апасиев.

Во еден од коментарите под твитот, прашана дали Левица би влегла во коалиција за формирање влада во која би била и ДУИ, Мојсоска кратко одговори со „Не“.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
- Реклама -