ВМРО-ДПМНЕ за поканата на Ахмети до албанските партии: Етничките платформи ги поттикна Заев

И додека за лидерот на СДСМ – Зоран Заев, поканата на Ахмети за средба со лидерите на албанските политички партии е со цел да му се изврши притисок премиерот да го даде ДУИ, за ВМРО-ДПМНЕ таа е производ токму на подготвеноста на Заев да се занимава со политички платформи базирани на етничка основа. Според нив, Заев е тој што ги поттикнал таквите платформи и затоа не е чудно што и сега тие се на сцена.

„Прифаќањето и занимавањето со разни платформи кои се со етнички предзнак беше и остана одлика на Зоран Заев, така што тој ќе продолжи да се занимава со тоа, како егзит карта за спас на сопствената кариера, додека животот и стандардот на граѓаните станува сѐ полош“, велат од партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Што се однесува до идејата на другите партии, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тоа е нивна легитимна работа.

„Принципите за коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ се јавно објавени и претходно кажани, тоа се програмските определби за подобар живот и напредок на државата“, додаваат од партијата.

- Реклама -