Тинејџер под псевдоним „џељокинг2020“ на социјалната мрежа „Тик Ток“, постирал видеа од тоа како во повеќе прилики пали шуми и зеленило, очигледно мислејќи дека тоа заслужува лајкови.
Твитер и Фејсбук корисниците, откако го открија „Џељо крал“, експресно се потрудија „да го направат познат“.
Џељо не се срамел на истиот профил да објавува и селфиња, па тоа би требало да им ја олесни работата на надлежните. Неговиот профил сега е изгасен, а од нивна страна сѐ уште нема официјален одговор.
Сака да биде славен пироман…
Да го прославиме. pic.twitter.com/kURxyXdUKK— Тиинтири (@Miintiri) August 4, 2020
И ова, стока! pic.twitter.com/rNLclmDx5w
— Martin Spasovski (@moondowner) August 4, 2020