„Јас очекувам Заев да направи влада со ДУИ, ДПА и со Алтернатива. Тоа се 66 пратеника“, вели професорот Владо Бучковски во изјава за „Вечер“, потсетувајќи дека овие партии се застапени и во владата во заминување – министерот за култура Исмаили е од Алтернатива.
Според Бучковски, ваквото парламентарно мнозинство за клучните прашања и реформските закони би добивало поддршка и од осумте пратеници на Алијанса за Албанците.
За двотретинските реформски закони, пак, ќе мора да се најде заеднички јазик и со ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Бучковски, посочувајќи дека наскоро, на локалните избори за една година, доколку победи, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да побара предвремени избори.