Османи: Во предлогот за премиер Албанец поважна е симболиката отколку практичниот аспект

ДУИ очекува СДСМ, по конституирањето на Собранието, да ги покани на разговори за формирање на парламентарно мнозинство, но не исклучува ниту формирање на парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, изјави високиот функционер на партијата – Бујар Османи, во интервју за косовската телевизија „Т7“, пренесува „Алсат“.

Османи рече и дека ДУИ не би имале против идејата за ротирачки премиер, но потенцираше и дека во иницијативата за премиер Албанец поважна била симболиката:

„Една од паролите на кампањата беше ‘Зошто да не’, така што, зошто да не? Сè е можно. Во случајот со премиерот, симболиката е поважна отколку практичниот аспект. На овој начин се кршат табуата на нееднаквост во оваа земја. Мислам дека институциите се ослободуваат“, рече Османи. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка
- Реклама -