Џафери нема да присуствува на одбележувањето на Илинден на Мечкин Камен, делегацијата ќе ја предводи Мисовски

Претседателот на Собранието – Талат Џафери, нема да ја предводи делегацијата на одбележувањето на Денот на републиката – 2 Август (Илинден) во Крушево на Мечкин Камен, објави собраниската прес-служба.

Како што велат оттаму, Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување.

Во отсуство на Џафери, делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието – Горан Мисовски.

Џафери беше хоспитализиран на Инфективната клиника на 24 јули со симптоми на коронавирус. Иако на тестовите е негативен, Џафери има класични симптоми на Ковид-19 и прима терапија токму за коронавирус, потврди неодамна директорката на Инфективна – д-р Милена Стевановиќ.

 

- Реклама -