Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в. д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.
„Почитуван в.д. реис-ул-улема
х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,
Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан бајрам.
Посакувам овој голем празник да ни донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како празник на дарувањето и на солидарноста да нè инспирира да им помагаме на сите оние на кои им е потребна материјална, но и духовна поткрепа. Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница.
Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19 како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Верувам дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.
Во согласност со традициите на заемно почитување и уважување, да се грижиме и да помагаме безусловно на сите наши сограѓани не водејќи сметка за етничката, религиозната или идеолошката припадност. Да продолжиме да го градиме и да го чуваме нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија.
Ви упатувам најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба. Честит Курбан бaјрам“, пишува претседателот во честитката.
Пендаровски честитка испрати и преку Фејсбук, на пет јазици: