Министерот за здравство Венко Филипче денеска се пофали со завршено поставување на новиот монтажен објект во рамките на Клиниката за пулмологија и алергологија во, како што вели, рекорден рок.
Како што информира тој, поставени се четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти, а интензивно се работи и на доопремување на модуларната амбуланта со медицинска и немедицинска опрема.
„Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти. Монтажната амбуланта е исклучително важна во наредниот период и ги исполнува најсовремените стандарди за работа“, додаде Филипче.