Бугарите се соочиле со вирус поврзан со Ковид-19 уште во 2008 година?

Научно истражување во Бугарија тврди дека голем дел од Бугарите имале контакт со „вирус поврзан со Ковид-19“ уште во 2008 година. Поради тоа, не сите луѓе се силно изложени и подложни на заразата од SARS-CoV-2, односно луѓето кои имале контакт со тој „роднински“ вирус имаат изградено имунитет, тврди студијата.

Според пулмологот д-р Александар Симидчиев, студијата покажува дека вирусот бил присутен во Бугарија во 2008 година и истиот бил изолиран кај лилјаци. Бил наречен „CoV-2008/Bulgaria” и возможно е тој да е причината што размерот на пандемијата во Бугарија не е толку голем, изјави пулмологот за бугарската NOVA, пренесува „Новините“.

„Факт е дека тој вирус бил во Бугарија и по сите истражувања се чини дека околу 50% од населението имаат некаков имунитет. Веројатно е тоа да се луѓето во напредната возраст“, изјави Симидчиев.

Според пулмологот, порастот на заразени во Бугарија е резултат на тоа што „луѓето решиле дека овој проблем (*коронавирусот што предизвикува Ковид-19) не постои“. Тој смета дека во зимските месеци ризикот ќе биде поголем:

„Вирусите кои циркулираат во текот на зимата се многу блиски. Би апелирал луѓето да се вакцинираат против грип. Од општа медицинска гледна точка – ако се сретнете со два вируса и тие ве заразат, можете да се разболите и од двата“, рече Симидчиев.

 

 

- Реклама -