ДИК ги официјализира резултатите од парламентарните избори и ги додели уверенијата на пратениците

ДИК ги официјализира резултатите од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти јули. Првиот човек на комисијата рече дека изборите поминале добро и без некои поголеми неправилности.

– Првпат нашата држава, се соочи со организација на избори во специфични услови, во пандемија и за сите нас беше тоа предизвик. Првиот, вториот и третиот ден од изборите поминааа добро без забелешки, а тоа го констатирало и МВР. Од февруари наваму во еден петмесечен период ДИК беше во интензивни активности за припрема и организација на овие избори коишто завршија. Мислам дека јавноста ќе се сложи и со нас дека првиот ден помина одлично на гласањето, вториот ден исто така без забелешки иако имаше зголемен број на пријавени за гласање во домашни услови и третиот ден, исто така помина одлична во смисла на организација, спроведување, одвивање на гласањето, немаше никакви посериозни забелешки од страна и на граѓаните и на присутните коишто го набљудуваа процесот и она што се случи вечерта со објавувањето на резултатите, вие сте сведоци дека беше предмет на напад од надвор. Впрочем, тоа го кажа вчера и МВР. Кога ќе заврши истрагата таму и комплетно ќе бидете навремено известени, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

СДСМ и ДУИ испратија овластени претставници да ги подигнат уверенијата.

Од партијата Алијанса за Албанците се појави претставник, но бидејќи немаше овластување, не му беа дадени уверенијата. Пратениците од Левица и ДПА не се појавија на свечената седница.

- Реклама -