Хакерскиот напад на Time.mk имал две етапи, Трајковски откри како дошло до превземање на серверот

По паузата по хакерскиот напад на ноќта по изборите, се огласи Игор Трајковски – сопственик на агрегаторот на вести Time.mk, кој на Твитер се одзива под кодот @mkrobot, кому хакерите директно му се обратија во пораката што ја оставија од името на хакерот или хакерска група – Anonopsmkd. Според Трајковски, нападот се одвивал во две етапи:

„Нешто после 22:00h започна DDOS напад на http://time.mk, во кој постепено беа ангажирани над 35.000.000 ip адреси кои генерираа илјадници ‘кликови’ во секунда. Имаше кратки прекини на работењето но претежно сајтот издржа.

Тоа е прв дел кој немам докази дека е поврзан со вториот дел од нападот кој заврши со превземање на нашиот сервер. За жал, немавме најдобра заштита, наша грешка, која ја поправивме да не се повтори.

За вториот дел со сигурност тврдам дека е некој поврзан со некој од сајтовите кои ги индексираме, поради тоа што само така можат да ни ја дознаат ip адресата. Но да ни беше сѐ направено според ‘Security 101’, како што пишал напаѓачот, немаше да биде проблем. Ќе учиме во од“, вели Трајковски.

Освен што ги индексира вестите од порталите и ги пренесуваше резултатите од електронската платформа на ДИК, агрегаторот Time.mk нема друга поврзаност со изборните резултати. Врочем, и самите хакери, во пораката што ја оставија кога целосно го преземаа агрегаторот, му се обратија на Трајковски дека сајтот бил избран за мета единствено затоа што има најголема посетеност.

- Реклама -