Јанушев: По барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите

„По барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, сѐ со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве“, напиша на Фејсбук генералниот секретар на партијата – Игор Јанушев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ има сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници.

„Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб“, информираше Јанушев, по што ја обвини власта на Заев:

„За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност.

Прочитајте и:  Апасиев за игрите околу Законот за бранители: Правната одговорност е кај Гаши, а политичката кај 58-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот. Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода.

Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори“, порача тој.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија имаше најавено јавна седница за 18.15 часот, но истата ја одложи. Следниот најавен термин е 19.30 часот (ТУКА).

- Реклама -