До 13 часот излезноста за 14% помала од последните парламентарни избори

Излезноста денеска до 13 часот е за околу 14% помала во споредба со парламентарните избори во 2016 година, покажува анализата на аналитичкиот центар на „Телма“.

Во 2016-та, до 13 часот, на гласање излегле 38.43%. Денеска, до 13 часот, излезноста е нешто нешто над 24%.

Во ИЕ 1, излезноста до 13 часот денеска, според анализата на „Телма“, е 27.12%. Пред четири години била 38.35%.

Во ИЕ 2, излезноста е 22.08%. Пред четири години била 33.63%.

Во ИЕ 3, излезноста денеска до 13 часот е 29.18%. Пред четири години била 38.51%.

Во ИЕ 4, до 13 часот гласале 28.18%. На парламентарните избори во 2016-та гласале 39.2% од избирачите.

Во ИЕ 5, денеска гласале 23.21% од граѓаните со право на глас. Во 2016-та, до 13 часот гласале 33.55%.

Во ИЕ 6, денеска до 13 часот излезноста била 15.76%. Во 2016-та, излезноста била 23.93%.

(Анализата погледнете ја ТУКА)

Меѓутоа, како што истакнува и „Телма“, треба да се земе во предвид и дека денешниот гласачки ден трае 2 часа подолго, односно до 21 часот, поради мерките за заштита од коронавирусот. Секако, во предвид треба да се има и топлото време. За разлика од овие, изборите во 2016-та се одржаа во декември.

 

- Реклама -