„На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.
Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она ‘Марш’ од претседателот Заев во разговорот“, реагираат од СДСМ по објавената „бомба“ во која се слуша сума од 6 милиони евра, а тема е и адвокатот Димишков, за кого тврдеше дека не го познава.
Според СДСМ, од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито. Тој вели: „јас велам МАРШ“, тврдат од партијата, и со тоа влегува во борба со криминалот и корупцијата.
„Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.
Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!“, велат од СДСМ.
Претходно, и дел од медиумите објавија дека Заев вели „марш“ односно „мрш“, иако објавувачот на „бомбата“ напишал „Важи, јас влегувам во таа работа“. Околу тоа на Фејсбук се огласи и новинарот Бранко Героски, кој не е уверен во таквото тврдење и кој инсистира дека Заев сепак мора да објасни во која тоа работа влегува.