Српските туристи протерани од грчкиот остров Евија

Група српски туристи го напуштиле грчкиот остров Евија откако одбиле да останат во хотелски карантин, објави денеска српски „Новости“, за потоа да се покаже дека ниту била една група, ниту напуштањето било доброволно.

Имено, во група од 70 српски туристи кои биле тестирани на коронавирус, откриени биле двајца позитивни, додека другите имале негативни тестови. Наспроти првичната информација на „Новости“, незаразените во групата не морале да останат во карантин.

Меѓутоа, локалните жители не сакале да прифатат српските туристи, и тоа не само таа група, туку сите српски туристи на островот, да останат на Евија. Според „Новости“, најголем притисок извршиле грчките пензионери меѓу локалните жители, поради страв од коронавирусот.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Од тие причини, грчката држава организирала превоз за српските туристи до грчко-бугарската граница, каде автобуси од Србија требало да заминат и да ги преземат патниците од бугарска страна.

- Реклама -