Попуштија, се чини, бедемите на смиреноста на Никола Димитров, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 1.
На синоќешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, Димитров го видовме во едно поинакво светло, во кое не сме навикнати да го гледаме. Со многу емоции, многу висок тон и многу гнев, Димитров се обидуваше да долови, како што рече, какво чудо направила државата за 2.5 години, воедно критикувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ дека се подготвени сѐ да направат за да избегаат од правда, а притоа потсетувајќи на настаните од 27 април.