Српски епидемиолог тврди дека се кријат случаи: На 2 јули починаа 52 лица, а пријавени беа само 6 смртни случаи од Ковид-19

Бројката на новозаразени секој ден е многу поголема од официјално пријавените и има многу заташкување, дури и на смртни случаи, тврди српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ, пренесува „Локално“.

Радовановиќ го наведе примерот за бројот на починати на 2 јули, кој според него не се согласува со реалната слика. Според официјалната статистика, тој ден се објавени 6 смртни случаи од коронавирус во Србија, но според епидемиологот, кој се повикува на колега од Клиниката за инфективни болести кој 8 часа се борел за животите на повеќе починати, вистинската бројка изнесувала 52.

„Ќе ме прашате како го знам тоа, а потоа треба да го откријам идентитетот на колегата од Клиниката за инфективни болести кој се бореше осум часа со повеќе починати и знае колку има во другите болници. Одеднаш, тој го гледа извештајот – само шест, и тогаш му зоврива“, вели Радовановиќ. Видеото погледнете го ТУКА.

 

- Реклама -