Шилегов го победи коронавирусот, од утре се враќа на редовните активности

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на 20 јуни објави дека е позитивен на коронавирус, вечерва на Фејсбук соопшти дека со втор негативен тест и излегува како победник од битката.

„Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби 😉.

Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме!“, напиша Шилегов.

- Реклама -