Поранешниот шеф на британската тајна разузнавачка служба MИ6 – Сер Ричард Дирлав (Dearlove), кој речиси 40 години беше дел од разузнавачките кругови (од 1966 до 2004), побара отворена расправа за потеклото на пандемијата со коронавирусот.
Дирлав предупредува дека не треба да се отфрли идејата дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата.
Дирлав посочи дека тој лично е на мислење дека вирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19 е конструиран и дека случајно побегнал од лабораторијата во кинескиот град Вухан, каде се идентификувани првите жртви.
Неговото мислење е во спротивност со генералниот консензус меѓу најголемиот дел од научниците, но и ставот на американските и британските разузнавачки служби – дека SARS-CoV-2 не е создаден од човек и дека природно мутирал да се прејде и да се пренесува меѓу луѓе.
Коментарот на Дирлав доаѓа во момент кога тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да заминат во Кина за да го истражат потеклото на болеста која уби повеќе од половина милион луѓе ширум светот.
„Приврзаник сум на теориите дека вирусот потекнал од Институтот (за вирологија во) Вухан“, кој пет години беше шеф на МИ6 (од 1999 до 2004 година).
„Не тврдам ништо друго освен дека тоа е последица на несреќа и дека вирусот е резултат на експерименти кои се вршени во Вухан, а за кои не мислам дека се посебно погрешни“, рече тој.