Грција забранува влез за српските туристи, многу од нив биле позитивни на тестирањата

Од утре во 6 часот наутро, Грција ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за српските медиуми српскиот министер за туризам Расим Љајиќ.

Одлуката се должи на епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на позитивни на Ковид-19 меѓу српските државјани кои Грција ги тестирала, пишува порталот „N1“.

На туристите од Србија кои во моментов се наоѓаат во Грција ќе им биде овозможено да ги завршат своите аранжмани.

„Не можете да добиете никаква информација од Грција, недела е, од некоја причина во неработен ден недела го прават ова. Тоа е веќе третпат да го прават истото“, коментира директорот на Асоцијациите на туристички агенции (YUTA) – Александар Сеничиќ.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Досега за туристите од Србија влез во Грција беше дозволен само преку граничниот правец со Бугарија – Промахонас, откако граничниот премин Евзони меѓу Македонија и Грција беше отворен на 1 јули на само неколку часа и затворен веднаш на пладне, додава N1.

- Реклама -