По денешните нови 120 случаи на коронавирус, но и 123 оздравени, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550, односно 7 помалку од вчера. Во моментов, од нив во Скопје се 2.049 (вчера беа 2.007).
Како и во повеќе други скопски општини, продолжува и порастот на заразени во Чаир, која веќе долго време има речиси тројно повеќе активни случаи (болест во тек) од останатите делови на градот.
Заклучно со завршените епидемиолошки анкети до утрово, дистрибуцијата на заразени по општини во главниот град изгледа вака:
• Чаир – 454
• Аеродром – 166
• Бутел – 173
• Гази Баба – 185
• Центар – 152
• Карпош – 170
• Сарај – 163
• Кисела Вода – 119
• Ѓорче Петров – 118
• Студеничани – 111
• Шуто Оризари – 87
• Арачиново – 52
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 21
• Сопиште – 13
• Зелениково-4
• Странец – 2
• Нераспределен- 7