Денеска повеќе оздравени отколку новозаразени, четворица починати

Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. По градови, новозаразените се од:

Скопје-64
Куманово-4
Дебар-4
Штип-2
Прилеп-2
Тетово-14
Струга-5
Битола-3
Охрид-7
Гостивар-2
Македонски Брод-1
Свети Николе-2
Кичево-5
Ресен-5

Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица, сите од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти, што е за првпат по подолго време бројката на оздравени пациенти да е повисока од новозаразените. Оздравените се од:

Скопје-17
Куманово-92
Штип-2
Прилеп-1
Тетово-4
Велес-1
Кичево-1
Ресен-5

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3134, активни 2049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -