Бројот на починати надмина 300, 126 новозаразени во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19 во:

– Скопје 66
– Куманово 6
– Штип 15
– Прилеп 3
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 2
– Пробиштип 2
– Свети Николе 1
– Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г). Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка од Скопје (56г). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

– Скопје 43
– Штип 1
– Битола 1
– Ресен 3

Во земјата, досега се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557 лица.

Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3071, активни 2007
• Куманово 756, активни 299
• Дебар 92, активни 40
• Штип 345, активни 160
• Прилеп 261, активни 36
• Тетово 700, активни 384
• Струга 220, активни 135
• Велес 185, активни 40
• Битола 51, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 19, активни 13
• Гостивар 119, активни 63
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 28, активни 24
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 103, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

- Реклама -