Нови „бомби“ за Заев и Мицкоски: Сашо ги платил автобусите, Заев ќе им е*е мамето на сите во коалиција

Нов ден предизборна кампања. Додека ДУИ и кандидатот за премиер Албанаец Насер Зибери одржаа „владина седница“ најавувајќи „смели“ заложби, на Јутјуб фрчат нови „бомби“ за лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок.

На Јутјуб профилот „Рекет“, се појави нов дел од разговорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Зоран Милевски – Кичеец, под наслов „5“. За разлика од претходните, оваа снимка е пократка и трае само 23 секунди.

Во разговорот, Мицкоски му открива на сега осудениот во „Рекет“ Кичеец, дека „Сашо“ никогаш не дал „скршена банка“ во партија, но дека дал двапати по 5.000 евра за автобусите за втори јуни и дека тоа било донацијата од него.

Мицкоски алудира на големиот протест на ВМРО што се одржа на 2 јуни 2018 година. Како што е наведено во историјатот на партијата, тогаш „ВМРО-ДПМНЕ организираше голем народен протест против лошите политики на власта и коцкањето со државните и национални интереси на државата“.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Набрзо, како и во изминативе денови, следуваше „контра-бомба“. На Јутјуб профил под псевдоним „Зоки Истина“, се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев во разговор со непознат соговорник. Иако од снимката се добива впечаток дека разговорот е сечен и парчињата се монтирани, она што во целост се слуша е како Заев вели дека „Све ќе соберам на купче – и шуто и рогато. Све!“, но и „Мамето ќе им го еб*м после, на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“.

На истиот профил објавена е уште една снимка, во која се спомнува „Дедо Наум Владиката“, кој, според Заев, бил „со сите бои премачкан“ и не се знае „дали повеќе време минал со него или со Сашо“.

- Реклама -