ДУИ не се повлекува: Арбен немаше да биде разрешен ако се презиваше Спасовски

„Aрбен не би бил разрешен ако презимето му беше Спасовски. Разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје Скопје е срамен чин на политичка одмазда и латентна омраза кон Албанците“, реагираат и денеска од Демократската унија за интеграција по повод разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје – Арбен Зибери.

„Арбен Зибери секогаш им служеше на земјата и на своите граѓани со лојалност и посветеност и несомнено играше голема улога во управувањето со кризата со Ковид19. Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини.

Причината за неговото разрешување е повеќе од јасна, бидејќи се случи наскоро откако чичкото на Арбен Зибери призна дека се кандидира за премиер. Атакот на семејството на првиот албански кандидат за премиер е срам и неприфатлива акција. Тоа го покажува и менталитетот на македонските партии, според кои моќта им припаѓа само на Македонците, а Албанците немаат право да претендираат за премиер“, велат од ДУИ.

Разрешувањето го оценуваат и како јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација:

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

„Разрешувањето е исто така јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација, затоа што досега ниту еден не бил отпуштен од владата заради искажување на своето мислење на Фејсбук.

Без воопшто да се суди за содржината на фејсбук статусот на Зибери, сите знаат дека ако тоа би била вистинската причина, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, ќе требаше да бидат отпуштени неколку пати“.

Според ДУИ, слоганот „Едно Општество за сите“ на СДСМ е само маркетинг и фасада зад која СДСМ не е ништо подобра од своите претходници со тоа што сè уште не ги прифаќа основните демократски принципи – како што се слободата на говорот, еднаквоста и правото на немнозинските етникуми да го номинираат својот кандидат за премиер.

„За албанските граѓани, но и за граѓаните од други етникуми, како и за Македонците, ова неприфатливо дејствување на СДСМ е уште една причина зошто ни треба првиот премиер Албанец да донесе реални промени и еднаквост во Македонија. Граѓаните ќе го дадат својот одговор на гласачките ливчиња“, порачуваат од ДУИ.

 

- Реклама -