Владата ја смени фотографијата од Кенигсе, но грешката направи фотографот да се заљуби во Македонија

По реакциите на социјалните мрежи и во медиумите, Владата ја промени фотографијата која всушност е снимена на локација во Германија, а со која ја промовираше мерката и платформата „Дома си е дома“ за промоција на домашниот туризам и туристичките ваучери за граѓаните со примања до 15.000 денари месечно.

На местото на фотографијата од германската природа, која, како што открива авторот, посебно им била омилена на психијатриските клиники, сега стои фотографија од Охридското езеро.

Од Министерството за економија информираа за промената и се правдаат дека невнимателниот избор е резултат на тоа што во интерес на времето и функционалноста на платформата, биле избрани слики со природа. Уште еднаш потенцираа дека „низ целата промоција на мерката, преку оваа платформа, акцентот го ставале на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија“. Реагираат и на информациите дека неовластено ја презеле од фотографот Симон Мигај, посочувајќи дека авторските права се целосно запазени.

Тој, пак, претходно се огласи на Инстаграм, каде објасни дека фотографијата е од германското езеро Кенигсе, но и во интервју за „Сител“, каде изрази поддршка за мерката на Владата, но призна дека едноставно е смешно и несреќно што е избрана фотографија што не е од Македонија.

Многу порано, пак, кога ја споделил фотографијата на својот Инстаграм профил – во септември 2019-та, фотографот предупредил дека она што се споделува на интернет не се знае каде ќе заврши:

„Смешна неделна приказна: Нешто поодамна, ја споделив оваа фотографија бесплатно на интернет и е многу успешна, што е кул – и мене многу ми се допаѓа, исто така. Од друга страна, главно ја користат терапевтски центри и… клиники за ментално здравје. Бидете внимателни што споделувате, никогаш не знаете каде може да заврши“.

Од друга страна, како што може да се види од последните статуси на фотографот, благодарение на грешката на Владата, во последниве 24 часа тој дополнително истражувал за природните убавини на Македонија, па сега земјава му е дестинација број 1 што сака да ја посети. Освен тоа, ја пофали и новата фотографија поставена на веб платформата „domasiedoma.gov.mk“ – онаа од Охрид, споделувајќи притоа и други профили кои ги претставуваат убавините на нашата земја:

 

View this post on Instagram

 

A funny Sunday story: a while back I’ve shared this photo freely on the internet armed it’s been very successful, which is cool, i like it a lot as well. On the other hand it’s mostly used by medication studios and… mental health clinics. Be careful what you share, you never know what might happen to it in the end . . . . . #konigssee #germany #dolomites #moodygrams #passionpassport #stayandwander #beautifulplanet #discovery #voyaged #mountainstories #placesonearth #wildvisuals #folkscenery #forevermagazine #stademagazine #pellicolamag #folkgreen #earthshotz #lekkerzine #thisveryinstant #lightzine #ourmomentum #archivecollectivemag #broadmag #mountainstones #solarcollective #nuagesmagazine #meditation #mentalhealth

A post shared by Simon Migaj🇵🇱 (@simonmigaj) on

- Реклама -