Петмина починати и 103 новозаразени во последниве 24 часа, вклучени се и вчерашните тестови од лабораторијата на Жан Митрев

Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство. По градови, новозаразените се од:

– Скопје 46
– Куманово 6
– Штип 6
– Прилеп 2
– Тетово 17
– Струга 9
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 3
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Свети Николе 1
– Ресен 6

Во изминативе 24 часа починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

– Скопје 10
– Прилеп 2
– Тетово 1

Направените 841 тест се преку ИЈЗ – 488, преку ЦЈЗ Скопје – 22, преку „Систина“ со PCR метода – 105, преку МАНУ – 95 и преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори), велат од Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

Во 15:30 часот, министерот Венко Филипче ќе одржи прес-конференција.

 

- Реклама -