Медицинскиот кадар истрошен, Инфективна и „8 Септември“ се засилуваат со тимови од Кочани и Отешево

Фото: СДК.МК

Седум медицински сестри и техничари од Општата болница со проширена дејност во Кочани од утре ќе бидат работно ангажирани на Инфективната клиника во Скопје и ќе помагаат во лекувањето на болните од Ковид-19, објави „Алсат“.

Прераспределбата на новите работни места е привремена и се реализира по барање од Министерството за здравство, а поради недостаток од медицински кадар на Клиниката. Според директорот на болницата во Кочани, одлевањето на кадар нема да влијае на тамошното функционирање.

Засилување, поради истоштеност на кадарот, добива и Градската општа болница „8 Септември“. Во Ковид центарот ќе во скопската болница ќе помага здравствен тим од двајца доктори и четири медицински сестри од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево, Преспа.

Билјана Гошаревска – портпаролка на Болницата во Отешево, шестмината здравствени работници кои го прифатиле повикот на Министерството за здравство ги нарече херои;

„Им се поклонуваме на нивната храброст, солидарност и совесност“.

Во двете болници пристигнати се и кадри од други градови од државата. Повеќе наСАКАМДАКАЖАМ.мк“.

 

- Реклама -