Двајца починати и 164 новозаразени во последните 24 часа; 235 активни случаи во Чаир

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 85
– Куманово 24
– Дебар 3
– Штип 5
– Прилеп 3
– Тетово 18
– Струга 5
– Охрид 9
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
– Валандово 1
– Свети Николе 2
– Ресен 2
– Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:

Скопје 3
Прилеп 6
Струга 1
Велес 1
Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Дистрибуцијата на активни случаи во Скопје, по општини, заклучно со вчера (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера сеуште не се завршени сите анкети), изгледа вака:

Чаир-235
Бутел-88
Аеродром-87
Гази Баба-89
Центар-87
Карпош-79
Сарај-75
Кисела Вода-52
Ѓорче Петров-39
Шуто Оризари-29
Студеничани-25
Арачиново-30
Илинден-20
Петровец-7
Чучер Сандево-6
Сопиште-3
Странец-2
Неутврден-2

- Реклама -