Директорот на „8 Септември“: Станавме Инфективна клиника

Во текот на ноќта до утрово во ГОБ „8 Септември“ биле примени уште 10 нови позитивни на КОВИД-19. Вкупно се хоспитализирани 50 пациенти, од кои 10 се на респираторна машина, а десет се на кислородна поддршка, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Во болницата лежат и уште 50 пациенти кои се негативни на коронавирус, но биле примени заради итна интервенција, главно инфаркт, слепо црево и жолчка.

„Станавме Инфективна клиника. Сите кои имаат друга мака, но и температура над 37.2, ги праќаат кај нас“, вели директорот на болницата – д-р Христијан Костов.

Тој го потврди она што го изјави министерот Венко Филипче на вчерашниот прес – дека доколку има потреба, болницата располага со вкупен капацитет од 400 кревети кој може да биде пренаменет за хоспитализирање на болни од Ковид-19. Но, истакнува Костов, проблемот не е во капацитетот:

„Ако треба ќе ја отстапам цела болница, нема простор за паника, има место за лежење. Но, не е проблемот во просторот. Проблем ќе биде недостигот од персонал. Еве веќе разговаравме и ќе го отвориме и одделението од прв спрат што ќе биде споено со нашето инфективно одделение, како и поранешната шок-соба што ја користеше приватната болница на ‘Жан Митрев’, иако засега за тоа нема потреба“.

За „СДК“, тој потврдува дека вкупно 15 медицински лица од болницата се заразени со Ковид-19. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -