За некого цел викенд карантин, за други – само обична недела. Некои од луѓето повеќе се плашат од камера отколку од полиција, констатира „Телма“, чија екипа излезе на терен за да провери дали улиците насекаде се пусти како што е случај со големите скопски булевари.
Не е, покажува нивната репортажа. Во Чаир, на една од главните улици во населбата – ул. „Цветан Димов“, на само неколку метри од полициската патрола која ги запира возачите и им бара дозволи, редица граѓани чекаат ред за да испазарат во отворена продавница.
Во населбата Даме Груев, позната како Новоселски пат, полицијата само усно ги опоменува луѓето кои опуштено се движат надвор.
Во Сарај, освен граѓани што слободно шетаат, се одвиваат и градежни работи. Репортажата погледнете ја ТУКА.