Вкупно 3025 потврдени случаи, 1646 оздравени, 153 починати и 1226 активни случаи на Ковид-19 – е билансот по денешните објавени 111 нови случаи во последниве 24 часа.
По бројот на активни случаи, убедливо предводи главниот град Скопје, со 658. Зад него се Куманово – со 140, Штип – со 136, и Тетово – со 119 активни случаи.
По градови, дистрибуцијата на активни случаи (со тоа што е земено во предвид дека еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје) изгледа вака:
Скопје 1264, активни 658
Куманово 556, активни 140
Дебар 52, активни 1
Штип 174, активни 136
Прилеп 218, активни 27
Тетово 281, активни 119
Струга 98, активни 25
Велес 144, активни 30
Битола 30, активни 3
Охрид 31, активни 14
Кавадарци 6, активни 1
Гостивар 50, активни 29
Гевгелија 6, активни 2
Струмица 5, активни 2
Крива Паланка 7, активни 1
Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 51, активни 20
Пробиштип 5, активни 3
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 2, активни 0
Пехчево 3, активни 0
Берово 2, активни 1
Валандово 3, активни 2
Виница 3, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 3, активни 1
Свети Николе 3, активни 2
Кичево 3, активни 1
Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Во главниот град, убедливо најмногу активни случаи има во населбата Чаир. Согласно вчерашните бројки (не се вклучени новозаразените во последните 24 часа), дистрибуцијата изгледа вака:
Чаир 152
Бутел 59
Гази Баба 58
Аеродром 53
Сарај 52
Центар 52
Карпош 40
Кисела Вода 29
Арачиново 23
Студеничани 18
Ѓорче Петров 17
Илинден 17
Шуто Оризари 12
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
(се утврдува општина) 1
Во изминатите 24 часа, пак, хоспитализирани се вкупно 36 пациенти:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.