Во последните 24 часа се направени 1.085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2, информира Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.
Починаа две лица: Пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица, на возраст од 67 години, хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.
Дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1.201, активни 595
• Куманово 545, активни 129
• Дебар 52, активни 1
• Штип 161, активни 123
• Прилеп 218, активни 29
• Тетово 273, активни 115
• Струга 98, активни 26
• Велес 141, активни 27
• Битола 30, активни 4
• Охрид 30, активни 13
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 47, активни 26
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 43, активни 12
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 2, активни 1
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.085 теста се преку: ИЈЗ 663, ЦЈЗ Скопје – 12, Авицена – 128, Биотек – 42, Жан Митрев (Филип Втори) – 144, Систина со PCR метода – 41 и МАНУ – 55. Досега во земјата се направени вкупно 35.471 тестирања на Ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.