Наместо изолиран 80-часовен карантин на Скопје, требало да се спроведе карантин на целата територија на државата, сметаат од ТМРО на Ванчо Шехтански.
Од партијата оценуваат дека актуелната мерка е погрешен чекор и создава реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава.
„Техничката влада со изминат мандат веднаш да донесе уредба за задолжителен 14-дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат потенцијалните нови жаришта“, побара претседателот Ванчо Шехтански.
Извор: МКД.мк