Големиот пораст на новозаразени не се должи на олабавување на мерките, ниту на укинување на полицискиот час. Напротив, најголем дел од новозаразените се заразиле непочитувајќи ги мерките во сила и за време на полицискиот час, уверуваат надлежните. Една од главните причини, која министерот Филипче не пропушта да ја спомене во неколку прес-конференции наназад, е дека се чини многумина не веруваат во вирусот.
Токму до нив министерот упати порака на Фејсбук да ја погледнат репортажата од Инфективна клиника на новинарот Фуркан Салиу:
„На оние кои немаа прилика сѐ уште да ја погледнат репортажата од Инфективна клиника на новинарот Фуркан Салиу, им препорачувам да го направат тоа. Покажете им ја на сите кои и покрај сите апели не сѐ уште не веруваат дека вирусот е сериозна закана по здравјето. Покажете им ја на сите кои и покрај сите апели не сѐ уште не веруваат дека вирусот е сериозна закана по здравјето“, напиша Филипче.
Претходно, Филипче ја сподели и репортажата на „Телма“ од Инфективната клиника. Нивната екипа разговара со Заир Селмани, кој исто така не верувал во вирусот, сѐ додека не го донеле на интензивна нега 90% мpтов, како што самиот вели.
„Игнорирањето на вирусот и негирањето дека вирусот постои, нема да помогне во надминувањето на состојбата“, предупредуваше во повеќе наврати министерот за здравство. „Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата, маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце – единствениот механизам кој што може да не заштити и како поединци, и како општество“, порача тој на вчерашната прес-конференција.