Во изминативе 24 часа во земјава се регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје, пренесува МИА.
Од ИЈЗ информираат и дека починале во последните 24 часа починале 7 пациенти, што е најцрн биланс во едно деноноќие досега во земјава, од почетокот на епидемијата во земјава на 26 февруари кога беше регистриран првиот случај – па наваму.
По повод големиот број новозаразени и починати, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот.