Од денешните 62 новодијагностицирани со Ковид-19, повторно најголемиот број доаѓаат од општините кои и во изминативе денови имаа најголем број новозаразени.
Од вкупно 24-те нови случаи во Скопје, од Чаир се 11 лица, а од Бутел 6. Промена меѓу водечките општини има во Сарај, каде се дијагностицирани само 2 лица.
Во Карпош и Аеродром исто така се регистрирани по двајца новозаразени, а 1 нов случај на Ковид-19 е регистриран во Гази Баба.