Три месеци по првиот регистриран пациент од Ковид-19 во земјава, Македонија денеска, за жал, го бележи првиот случај на починат здравствен работник како последица на вирусот.
Се работи за фармацевтот Петар Мојсоски од струшко Подгорци, кој пoчинал вчера на Инфективната клиника во Скопје, информираа од Фармацевтската комора на Македонија. Како што се вели во соопштението, тој се заpaзил со вирусот додека ги извршувал своите професионални должности на своето работно место, односно додека укажувал здравствена помош во аптека. „Болecта го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје“, со тaгa соопштуваат од Комората.
„Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациенти без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија, кога потребата за посета на аптеките е поголема, изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот од заболување“, потсетуваат понатаму од Фармацевтската комора, додавајќи дека во случајот со Мојсоски фелата изгyбила почитуван и драг колега, а пациентите посветен здравствен работник:
„Стручните знаења, како и љубовта кон природата, ги користи во интерес на науката и публикацијата. Уште во времето на студирањето објавува научни трудови од областа на лековитите растенија и нивната употреба. Во 2005 година ја објавува својата прва книга ‘Лековити растенија на планината Јабланица’, во 2008 ја објавува ‘Природни антибиoтици’, а во 2009 година – ‘Отpoвни билки’. Петар Мојсоски целата своја кариера ја посвети на пациентите работејќи во аптека, најдолго во родното Подгорци, но и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје“, се вели во соопштението.
Од Комората апелираат дека почитувањето на мерките за заштита е од огромна важност за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста. Тие ги замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека, кои се објавени и на веб страната на Фармацевтската комора.