Филипче: Институциите мора поинтензивно да работат на терен, не ги санкционираат доволно прекршувањата на мерките

Државата навремено реагираше, а здравствените работници – епидемиолозите и сите други, одлично одговорија на епидемијата на коронавирусот во земјава, истакна министерот Венко Филипче во гостувањето во отвореното студио на „ТВ24“.

Новите заболени, меѓутоа, се сценарио што СЗО го предвиде и се очекуваше со самото постепено олабавување на мерките, во сите земји, но новите заболени кај нас потекнуваат и од непочитување на мерките, истакна тој.

„Многу е важна високата свест и да се делува превентивно, зошто станува збор за сериозна и тешка болест. Многумина стануваат свесни откако ќе заболи некој од семејството. Мора да се носат маски и да се почитува дистанца“, рече министерот, додавајќи дека кластерите се познати и главно лицата се заразиле на групни собири, како и дека има пациенти кои учествувале во литијата во Струга, а сега имаат белодробни наоди кои алудираат на Ковид-19.

Прочитајте и:  Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Како друг важен фактор за (не)ефективност на мерките, Филипче ја посочи реакцијата на институциите. Според него, надлежните институции недоволно ги санкционираат прекршувањата на мерките:

„Мерките даваат ефект кога се почитуваат, така што кога институциите детектираат неправилности мора да ги санкционираат. Сведоци сме дека има групирање и неносење на маски и тука институциите мора да реагираат

Лично сметам дека недоволно се санкционира. Институциите треба поинтензивно да работат на терен да ги идентификуваат ваквите прекршоци. Мора граѓаните кои не ја почитуваат мерката да сфатат дека тоа е сериозна закана не само за нив, туку и по јавното здравје“, порача Филипче.

- Реклама -