Додека целата земја е под полициски час, во делови од Скопје се живее речиси нормално.
Како што покажува малата репортажа на „МКД.мк“, во скопската населба Топаана возрасни и деца слободно шетаат на улица, играат и се дружат. Не само што не се почитуваат мерките, туку истите стануваат агpeсивни кога ќе забележат дека ги снимате.
Во Чаир е нешто помирно, но и таму деца играат по улиците, има отворени продавници, сендвичари, чајџилници со гости, парови по улици, пишува порталот.
И во двата случаи екипата на „МКД.мк“ во близина забележала полициски патроли.
Паралелно, друштвените мрежи се нижат фотографии од ифтар-вечери на кои не се почитува ниту една од мерките и препораките, додава порталот. Видеото и фотографиите погледнете ги ТУКА.