40 нови случаи на Ковид-19 во земјава во последните 24 часа

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 2
– Штип 1
– Прилеп 4
– Велес 2
– Кочани 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.

Прочитајте и:  Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

- Реклама -