Филипче: Србија можеби избрзува со отворањето на границите

Како што соопшти неодамна српската премиерка Ана Брнабиќ, од 1 јуни Србија воведува либерализиран режим на поминување на границите. Истиот ќе важи за Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија, а ќе значи дека граѓаните ќе можат да ги поминуваат границите без да имаат негативен тест за коронавирус.

Според министерот за здравство Венко Филипче, оваа одлука на Србија можеби е избрзана и може да ја загpoзи бopбата против коронавирусот кај нејзините соседи, вклучително и Македонија:

„Отворањето на границите во Србија може да се покаже како избрзана одлука и со тоа да се загрозат националните стратегии на земјите“, рече тој, додавајќи дека наскоро се очекува и Грција да го објави и достави документот за начинот на кој ќе се одвива движењето преку границите.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното

 

- Реклама -