За САД е „чест“ што имаат најголем број потврдени случаи на Ковид-19, изјави претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, пренесува BBC.
Според Worldometers, САД имаат над 1.5 милион потврдени случаи (од вкупно 5 милиони во светот) и над 93.5 илјади пoчинaти. За споредба, втора е Русија, со 308 илјади потврдени случаи (и далеку помалку пoчинати – околу 3.000).
„Знаете“, рече Трамп, „кога ќе кажете дека сме водечки во светот по бројот на случаи, тоа е затоа што спроведуваме повеќе тестирања отколку било кој друг.
Така што, на тоа што имаме голем број случаи не гледам како на нешто лошо. Гледам на тоа, со должно почитување, како на нешто добро, бидејќи тоа значи дека нашето тестирање е многу подобро“.
Тоа е потврда за „големата посвета на тестирањето и добро завршената работа сработена од големиот број професионалци“, додаде американскиот претседател.