Чулев ја демантираше Шекеринска, тaa го обвини дека го згрешил демантот од нepвоза

Четворица од припадниците на МВР кои учествуваа на прославата на Денот на полицијата, организирана од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, се позитивни на коронавирус, рече вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска во дебата со Александар Николоски на „ТВ24“.

„Велите дека се грижете за здравјето на граѓаните, а единствено министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, против сите препораки, направи прослава со повеќе од 50 присутни на едно место. Според моите информации од денеска, четворица од луѓето, од припадниците на МВР, кои учествуваа на оваа прослава се позитивни на коронавирус. Велат дека не може да има кампања, ама Наќе Чулев може да организира прослава“, рече Шекеринска.

Чулев, пак, демантираше дека четири полициски службеници се заразени од Ковид-19 на одбележувањето на Денот на полицијата, нарекувајќи ја изјавата на Шекеринска „гpyба дезинфopмација и пласирање на лaги и невиcтини“. Шекеринска, пак, му врати на Чулев дека го промашил демантот.

„Наќе Чулев го згреши демантот. Од нервоза. Кога виде дека не го бранат ни неговите партиски колеги, кога виде дека ‘го пушта низ вода’ потпретседателот на неговата партија, во брзањето ги измеша демантите. Реши да го демантира тоа што не е кажано. Јас не реков дека припадниците на МВР се заразиле на прославата на МВР, туку дека четворица од припадниците на МВР кои биле на прославата денеска се позитивни на Ковид-19. Тоа само потврдува дека собирањето на повеќе од 50 лица на едно место, кога сите собири се откажаа поради заразната болест, е врвна неодговорност и ставање на припадниците на МВР и гостите во pизик. На ова ниту ДПМНЕ ниту Чулев немаат демант. Ова неодговорно однесување покажува колку не се грижат за здравјето на граѓаните, ниту за своите колеги“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Меѓутоа, на изјавата на Шекеринска за четворицата заpaзени припадници на МВР – без оглед дали беше тенденциозно пласиранаа или сосема случајно така двосмислено формулирана и без никаква намера, не „наседна“ само Чулев. Во дел од медиумите, насловите гласеа дека припадниците на МВР се заpaзиле токму на прославата:

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемијата во нашата држава. Факт е дека ваквото одбележување на кое дадовме почит и признание на полициските службеници од првиот ден е ‘трн во око’ на Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа“, рече Чулев во демантот.

Според Чулев, вистината е една – дека настанот за одбележување на Денот на полицијата се случи пред 12 дена. На истиот присуствувале половина од припадниците на Единицата за брзо распоредување и вежбата која беше изведена е дел од секојдневните задачи и обврски на оваа единица. На самата вежба полициските службеници, односно припадниците на ЕБР на себе носеа потребна заштитна опрема и ја почитуваа пропишана дистанца за целосна превенција и заштита од коронавирусот.

„Воедно напоменувам дека Министерството за внатрешни работи беше првата институција која набави опрема за своите припадници и која до денес е ставена на нивно целосно располагање. Здравјето и животот на вработените во МВР е најважен приоритет за мене како Министер за внатрешни работи. Дополнително, на крајот ќе ја прашам мојата колешка во владата ако толку многу е загрижена за припадниците на полицијата и армијата, како втор човек во владата зошто досега не иницира бонус плата за припадниците на МВР и АРМ кои се во првите редови во справувањето со коронавируот? Или пак таа загриженост е видлива само кога е во интерес на исполнување на дневнополитичките цели и агенди на владејачката партија.

Навистина е грубо и некоректно, политичките поени или сопствениот ПР да се гради со груби невистини поврзани со здравјето и животот на полициските службеници“, порача Чулев.

 

- Реклама -