„Постои реална шанса вирусот да ‘согори’ по природен пат и пред да биде развиена било каква вaкцина“, напиша на Твитер професорот Карол Сикора – поранашен главен експерт по онкологија во Светската здравствена организација (1997-1999 година), а во моментов декан на медицинскиот колеџ при Универзитетот во Бакингем и медицински директор на Rutherford Health (мрежа од онколошки центри ширум Велика Британија, која специјализира во напредна медицина во борбата против канцepoт).
„Гледаме отприлика слична шема насекаде – се сомневам дека можеби имаме повеќе имунитет отколку што се проценува.
Треба да продолжиме да го забавуваме вирусот, но тој би можел постепено да исчезне самиот од себе“, напиша Сикора.
Неговата изјава предизвика голем интерес, но и реакции. Прашан да го образложи оваа своја изјава, Сикора напиша:
„Мое мислење е дека ова е возможно сценарио.
Никој не тврди дека знае што сигурно ќе се случи – верувам дека во ваква непозната ситуација, ова е една од можностите.
Треба да продолжиме да држиме дистанца и да се надеваме дека бројките ќе продолжат да се подобруваат“, додаде тој.
It is my opinion that this is a feasible scenario.
Nobody is claiming to know what will happen for sure – I believe in an unknown situation this is a possibility.
We need to continue to keep our distance and hope the numbers continue to improve.
— Professor Karol Sikora (@ProfKarolSikora) May 16, 2020