СЗО: Новиот коронавирус може да зарази 250 милиони луѓе во Африка

До 250 милиони луѓе се изложени на ризик од зараза со новиот коронавирус во Африка во текот на следните 12 месеци, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Според проценките на СЗО, во истиот овој период се очекува бројот на cмpтни случаи да достигне од 150 до 190 илјади. Се проценува дека 5.5 милиони луѓе да бидат хоспитализирани.

Според експертите на СЗО, високиот процент на млади луѓе во популацијата на континентот ќе помогне да се избегне најлошото сценарио, бидејќи тие полесно ја пpeлежуваат болеста.

Африка има вкупна популација од 1.3 милијарди луѓе. Просечната возраст на населението е 19.7 години.

До денеска, според СЗО, во африканските земји има регистрирано 72.379 случаи на коронавирус. Регистрирани се 2.480 cмpтни случаи.

- Реклама -