Сега засега нема олеснување на мерките против ширење на Ковид-19. Комисијата за заразни болести, која требаше ова прашање да го разгледува денеска, ја одложи седницата за утре.
Според извори од комисијата за „Алсат“, седницата е одложена поради денешниот релативно голем број на новозаразени – 22 од 145 тестирани.
Се очекува одлуката да биде донесена врз основа на статистиката од последните два дена (денес и утре).